Сензација на Светскиот куп: Австралија ја елиминираше Хрватска, Србија лесно со Јапонија

Унгарија, Австралија и Србија досега обезбедија место во полуфиналето на Светскиот куп во ватерполо во Берлин.

Вистинска сензација приреди селекцијата на Австралија која ја шокираше Хрватска победувајќи со 9-8 и на тој начин обезбеди место во полуфиналето.

Најдобар поединец на мечот беше Џо Кејс со три гола. Селектор на Австралија е поранешниот хрватски репрезентативец Елвис Фатовиќ.

Во полуфиналето лесно место обезбеди Србија која славеше против Јапонија со 12-7, а Унгарија во четвртфиналната пресметка го победи САД со 10-8. Последниот полуфиналист ќе го даде дуелот меѓу домаќинот Германија и Јужноафриканската република.

Се вчитува...