Сензација на УС Опен: Милман го елиминираше Федерер

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер заврши со натпреварувањето на УС Опен откако во осминафиналето загуби од Австралиецот Џон Милман.

Милман приреди вистинска сензација славејќи против вториот светските тенисер со 3-1, по сетови 3-6,7-5,7-6,7-6. Федерер одлично го отвори мечот, но по добрата играта во првиот сет потоа не успеа да му се спротистави на расположениот противник.

Милман третиот сет го доби откако во тај-брекот беше подобар со 9-7, па поведе со 2-1 во сетови, а на сличен начин го освои и четвртиот сет за конечна победа.

Австралиецот, кој е 55-ти тенисер во светот, во четвртфиналето ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...