Сензација на Вимблдон – Елиминиран минатогодишниот финалист Кевин Андерсон

Минатогодишниот финалист на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон, Јужноафриканецот Кевин Андерсон е елиминиран во третото коло од Гвидо Пеља од Аргентина. Аргентинецот со максимални 3-0 (6-4, 6-3 и 7-6) направи ново изненадување на турнирот на кој традиционално бележи добри резултати.

Во осминафиналето во машка конкуренција се пласираа и Милош Раониќ кој го совлада Рејли Опелка со 3-0 (7-6,6-2 и 6-1), како и Шпанецот Баутиста Агут кој беше подобар од Русинот Карен Хачанов и Французинот Беноа Пер кој го совлада Јиржи Весели од Чешка.

Се вчитува...