Сензација: Наоми Осака елиминирана од ОИ

Продолжуваат изненадувањата на женскиот тениски турнир на Олимписките Игри во Токио, откако денеска елиминирана беше и домашната миленичка Наоми Осака. Јапонката ја имаше улогата на главна фаворитка за златото на овој турнир, но целосно разочара откакао го загуби мечот од третото коло против Маркета Вондрусова од Чешка со 0-2 во сетови.

Осака очајно лошо го почна мечот, а Вондрусова знаеше како да го искористи тоа и набрзина го доби првиот сет со 6-1. Јапонката потоа поведе со 2-0 во вториот сет, но чешката тенисерка (42. на ВТА-листата) направи пресврт и победи со 6-4, за ново големо изненадување.

На машкиот дел од турнирот, Циципас рутински обезбеди пласман во следната рунда по победата над Тиафое од САД со 2-0 во сетови (6-3, 6-4).

Се вчитува...