Сензација: Сити прими гол со рака, погоди три греди и освои само бод против „волците“

Манчестер сити во третото коло ја прекина победничката серија во Премиер-лигата откако актуелниот првак одигра само 1-1 на гостувањето против Вулверхемптон. „Граѓаните“ не играа во посакуваниот ритам, но и со такво издание беа многу поблизу до триумф, особено откако Агуеро и Стерлинг ги затресоа рамките од противничкиот гол.

Вулверхемптон прв поведе, и тоа со гол со рака на Боли, судиите не забележаа дека тој наместо со рака топката ја удри со раката и го признаа погодокот. Веднаш потоа следеше тотална иницијатива на гостите, еден недосуден пенал врз Давид Силва, пред конечните 1-1 да ги постави Лапорт.

Манчестер сити имаше одлична можност за победа во 95. минута, но слободниот удар на Агуеро заврши само во гредата.

Се вчитува...