Сензација уште на стартот на УС Опен: Четвртиот носител во „аут“!

Сензација веднаш уште на стартот на последниот годинашен Грандслем турнир, УС Опен почна.

Во првото коло е елиминиран четвртиот светски рекет, Данецот Холгер Руне кој загуби со 1-3 во сетови од 63-от на АТП листата, Роберто Карбалјес Баена од Шпанија.

Баена триумфираше со 6-3, 4-6, 6-3, 6-2 за прво изненадување на УС Опен.

Во моментов сериозно на стартот се мачи и петтиот носител Норвежанецот Каспер Руд кој води со 2-1 во сетови, и го игра четвртиот сет против 153-от на АТП листата, Американецот Емилио Нава.

Се вчитува...