Сензација во Аеродром: Новалијата Феникс 2010 го урна и шампионот МЗТ Скопје

Десетото коло од Првата кошаркарска лига започна со сензација во скопски Аеродром каде новалијта Феникс 2010 остана непоразен на домашен терен откако славеше против актуелниот шампион МЗТ Скопје по дополнителни пет минути со 90-83. Домаќините одиграа одличен натпревар во кој успеаја да му парираат на фаворитизниот противник од првата до последната минута и сосема заслужено стигнаа до петата победа во првенството.

Натпреварот започна во изнедначено темпо во кое ниеден тим не успеа да го наметне својот ритам. МЗТ Скопје се обиде да ја искористи предност во рекетот, но не успеа во своите намери, а промашените обиди на аеродромци умешно ги користеше Феникс 2010 во транзиција за 22-23 по 10. минути игра. Израмнетото темпо во многу промени во водството продолжи и до крајот на првото полувреме. „Сино-белите“ ја користеа висината во играта во рекетот за лесни поени, но „виолетово-жолтите“ ги служеше шутот зад линијата 6,75 од каде реализираа осум обиди за 44-46 на полувремето.

Добриот ритам на мечот продолжи и во второто полувреме, а на крилја на одличната атмосфера, Митревски, Карк и Џоунс Феникс стигна и до предност од 54-50, но гостинскиот состав во вистински момент ги консолидираше своите редови. Крстевски и Мекиќ со тројки донесоа изедначување, а Милошевиќ ги врати „сино-белите“ во водство (56-60). Тајмаутот на Дервишевиќ ги консолидираше редовите на домаќините кои заиграа далеку подобро во одбраната, најдоа и решенија во нападот па ја вратија предноста по 30. минути игра (67-63).

Добрата игра на „виолетово-жолтите“ продолжи и на отварањето на последните десет минути во кои актуелниот првак речиси четири минути беше без постигнат кош, а тоа го искористи новлијата за водство од 73-63. Сепак МЗТ Скопје не доволи мирен финиш на мечот и успеа да стигне до изедначување од 79-79 на 40. секунди пред крајот, а откако Џоунс промаши обид за три поени, а Стојановски од поле натпреварот продолжи во дополнителни пет минути.

Во нив акцентот беше ставен на одбраната, а таа беше во полза на новлијата. МЗТ Скопје не успеавше да ги искористи офанзивните скокови, а тоа го казни Феникс 2010 кој преку Џоунс и Кларк стигна до предност од 87-83 на 56 секунди до крајот, а победата ја потврди Митревски со тројка на 27. секунди.

Двејн Морган и Куртис Џоунс беа предводниците на Феникс 2010 со по 20 поени на кои крилниот играч додаде и 9 скока, а бекот 7 скока и 6 асистенции. Со дабл-дабл од 18 поени, 11 скока и 5 асистенции мечот го заврши Андреј Митервски, додека 11 поени и 5 асистенции додаде Ахмад Кларк.

Кај гостите 18 поени и 5 скока постигна Никола Милошевиќ, а по 14 поени уфрлија Рикиќ и Стојановски притоа завршувајќи го мечот со дабл-дабл од 13, односно 10 скока. Двоцифрен беше и Вер кој забележа 13 поени, 6 скока и 6 асистенции.

Се вчитува...