Сензација во Франција: Лил загуби од „фенерџијата“ и се оддалечи од ЛШ

Екипата на Лил се оддалечи од битката за квалификациите за Лигата на шампионите, откако беше поразен од последнопласираниот Анже минимално со 1-0.

Стрелец на единствениот гол беше Шабановиќ во 84. минута. И покрај победата, Анже речиси нема шанси зза да опстане во Лига 1 во Франција.

Повеќе ќе го боли Лил овој пораз, кој што се бори за првите четири места кои носат во ЛШ или во квалификациите, но овој пораз на крајот може да ги чини скапо.

И покрај доминацијата во статистиката, на крајот Лил мораше да се помири со поразот.

Се вчитува...