Сензација во Кина: 122-от светски тенисер го „здроби“ Руне за еден час, дозволувајќи му само два гема

Американскиот тенисер Брендон Накашима приреди вистинска сензација со пласманот во третото коло на АТП Мастерсот во Шангај, Кина.

Моментално 122-от тенисер во светот беше подобар од третиот носител и петти на АТП листата, Холгер Руне, совладувајќи го само во два сета за само нешто повеќе од еден час игра.

Да биде сензацијата поголема Накашима му дозволи само два освени гема на Руне во мечот, победувајќи го со 6-0 и 6-2. Ова е прва победа за Накашима во кариерата против играч од Топ 10.

Наградниот фонд на Мастерсот во Шангај од Серијата 1000 изнесува 8,8 милиони долари.

Се вчитува...