Фудбалерите на четвртолигашот Бергерац се шампионите на денот откако успеаја да го елиминираат прволигашот Сент Етјен од Купот на Франција славејќи со 1-0.
Победничкиот гол за домашниот тим му припадна на 23-годишниот Ромен Ескарпит кој во 76. минута ја затресе мрежата, а гостите до крајот на мечот не успеаја да го изедначат резултатот. Истиот играч имаше шанси да го зголеми водството на крајот на натпреварот, но не успеа повторно да го совлада голманот Бернардони.
90+3 🧭 ILS L’ONT FAIT ! C’EST HISTORIQUE ! 😍💙❤️
BPFC 1️⃣-0️⃣ ASSE pic.twitter.com/TgLdHoPeTN
— Bergerac Périgord Football Club ⚽️ (@BPFC24) January 30, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА