Кошаркарите на Реал Мадрид нема да ја бранат титулата во шпанското првенство оваа година. Тие беа поразени на домашен терен од екипата на Тенерифе во мајсторката на четвртфиналната серија со резултат 107:95 (24:23, 21:26, 28:21, 22:37).
Натпреварот беше израмнет до последната четвртина, кога гостите стигнаа до 12 поени разлика, со што беа подобри на крајот.
Австралиецот Пети Милс беше најефикасен кај Тенерифе со 29 поени, на кои додаде една асистенција и еден скок, додека кај Реал Марио Хезоња даде 23 поени со три скока и една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
