Сензација во Мелбурн: Кис ја шокираше Швјонтек и се пласираше во финале на АО

Американската тенисерка Медисон Кис е вториот финалист на првиот гранд-слем турнир во сезоната, отвореното првенство на Австралија кое се игра на тенискиот комплекс во Мелбурн парк.

Tаа во полуфиналето беше подобра од втората тенисерка во светот, Ига Швјонтек со 2-1, по сетови 5-7, 6-1 и 7-6.

Во финалето таа ќе се сретне со првата тенисерка во светот, Арина Сабаленка која во првото полуфинале без поголеми проблеми славеше против Паула Бадоса од Шпанија.

Се вчитува...