Ана Ивановиќ се најде во центарот на вниманието на тениската јавност откако Србинката објави фотографии како тренира на земјена подлога, со порака „Едвај ја чекам сезоната 2024“.
Таа неодамна беше поврзувана со камбек на тениските терени, па јасно е дека најновата објава дополнително ги подгреа шпекулациите дека Ивановиќ би можеле повторно да ја видиме на најсилните ВТА-турнири. Извори блиски до тенисерката тврдат дека таа неодамна сериозно ја разгледувала опцијата за камбек, но се уште нема донесено конечна одлука на оваа тема.
Ана Ивановиќ има 36 години, а кариерата ја заврши во 2016. Таа е сопруга на поранешната фудбалска суперѕвезда Бастијан Швајнштајгер, со кого има три деца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА