Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран веќе во второто коло на Мастерстот во Парис. Подобар од него беше Роман Сафјулин, кој славеше со 6:3 и 6:4.
Шпанецот се врати на турнирот во Париз, откако го пропушти во Базел поради повреда. Ги бранеше 180 поени на последниот Мастерс во сезоната, но успеа да одбрани само девет.
Овој пораз ги намали шансите на Алкараз до крајот на годината на првото место на АТП листата да го престигне Новак Ѓоковиќ. Сега Србинот има отворен пат кон уште еден трофеј, со оглед дека Алкараз важеше за еден од главните конкуренти на светскиот тенисер број 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА