Сензација во Париз: Заврши Ролан Гарос за најдобрата тенисерка на светот, Ешли Барти го предаде мечот поради повреда!

Фановите на тенисот денес беа сведоци на нова сензација во Париз, откако женскиот дел од турнирот на Ролан Гарос остана без првиот фаворит. Австралијката Ешли Барти го предаде мечот на Магда Линет со резултат 6-1, 2-2, па полската тенисерка се пласираше во следното коло.

Од почетокот на натпреварот беше очигледно дека најдобрата тенисерка на светот има проблеми. Откако го загуби првиот сет, таа отиде во соблекувалната на медицински тајм-аут. Се чинеше дека работите малку се подобрија на почетокот на вториот сет. Сепак, кога Магда израмни на 2-2, Барти реши да го предаде мечот и да се повлече од турнирот.

Полската тенисерка за пласман во осминафиналето ќе се натпреварува Онс Жабер, која беше подобра од Шарма со 6-2, 6-4.

Во другите завршени натпревари немаше драма. Фаворитите славеа во два сета. Американката Софија Кенин, шампионка на Австралија опен од 2020 година, ја победи својата сонародничка Баптист со 7-5 и 6-3. Петтата носителка, Украинката Елина Свитолина стигна до третото коло по триумфот над Американката Ли 6-0, 6-4. Откако го доби првиот сет со убедлив резултат, Свитолина губеше со 4-1, сепак, потоа следуваше серија од пет успешни гема, па таа успеа да се пласира во следната фаза.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...