Сензацијата Хрватска стигна до бронза на Европското првенство

Ракометарките на Хрватска ја напишаа најубавата приказна на Европското првенство откако во мечот за третото место славеа над домаќинот Данска со 25-19.

Првото полувреме помина во израмнета игра, а на пауза се замина со нерешен резултат 11-11. Во второто полувреме „коцкестите“ одиграа неверојатно во одбраната и на крајот успеаја да стигнат до голема победа од 25-19. Катарина Језиќ и Стела Посавец со по пет гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените Ане Мете Хансен заврши со четири гола.

Финалето на Европското првенство е закажано за 18 часот, а во него се среќаваат актуелниот шампион Франција и репрезентацијата на Норвешка.

Се вчитува...