Сензацијата на Ролан Гарос заврши на суд во Бразил

Бразилскиот тенисер Тиаго Сејбот Вајлд, кој направи вистинска сензација на Ролан Гарос победувајќи го светскиот рекет број два, Русинот Данил Медведев, се појави пред судот во Рио де Жанеиро за да одговори на обвиненијата за насилство врз неговата поранешна девојка.

По саботниот пораз во третото коло на Ролан Гарос во Париз од Јапонецот Нишиока, 23-годишниот тенисер  во понеделникот „замина директно во Рио за да се појави пред судот“.

Во 2021 година, Сејбот Вајлд беше обвинет за физичко и психичко малтретирање од неговата поранешна девојка Тајана Лима, со која беше во врска една година и осум месеци.

Лима која е инфлуенсерка со 1,2 милиони следбеници на Инстаграм, објави снимка од вербалното малтретирање кое го претрпела.

Моментално 172. тенисер во светот покрена правна постапка против својата поранешна девојка поради некои нејзини објави на социјалните мрежи и наводи за изнуда и е решен да ја докаже својата невиност.

Се вчитува...