Сепак, без Барди против Словенија и Полска, дополнителен повик за Младеновски од Вардар и Стоилов од Ак. Пандев

Фудбалерот на шпански Леванте, Енис Барди и покрај првичниот повик и дефинитивно, поради повреда, отпадна за натпреварите против Словенија (10. октомври) и против Полска (13. октомври) од квалификациите за ЕП 2020.

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски во пресрет на натпреварите, дополнително испрати повик за Ѓорѓи Стоилов од Академија Пандев и Марио Младеновски од Вардар. Двајцата ќе бидат дел од првиот собир на репрезентацијата закажан за утре во 12 часот во хотел “Гранд Плаза”.

Првиот тренинг на репрезентацијата е утре од 19 часот на националната арена “Тодор Проески” во Скопје.

Се вчитува...