Сепак, ништо од Барселона: Меси одлучил каде ќе продолжи после ПСЖ

Лионел Меси веќе неколку дена се поврзува со враќање во Барселона, само една сезона откако мина во редовите на ПСЖ. Аргентинецот наводно изразил голема желба да се врати на „Ноу Камп“ а и неговиот татко бил виден во Барселона во изминатите неколку дена.

Меѓутоа Меси стави крај на шпекулациите, и најавил дека ќе игра во ПСЖ и следната сезона, односно дека до крај ќе го одработи договорот со овој клуб кој е до 2023 година.

Потоа истакнал дека му е желба да се пресели во САД, и тоа во екипата на Интер Мајами. Веќе некое време се поврзува со трансфер во овој тим, кој е сопственост на Дејвид Бекам.

Меси ги изненади сите со неговиот трансфер во Барса во ПСЖ минатото лето. Барселона мораше да се одлучи да го пушти поради финансиската ситуација, а тој се реши да ја прифати понудата од богаташите на тимот од Париз. Меѓутоа и покрај очекувањата тимот да се закити со трофејот од ЛШ, се задоволи само со освојување на францускиот шампионат, додека во ЛШ беше елиминиран од Реал Мадрид во 1/8 финалето.

Се вчитува...