Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, денеска се врати на „Олд Трафорд“, за првпат откако преживеа мозочен удар. 76-годишниот стратег за кој се врзани најголемите успеси на „црвените ѓаволи“ мина низ тежок животен период, а сега повторно ја има насмевката на своето лице и очекува триумф на Јунајтед на денешниот меч против Вулверхемптон.
„Среќен сум што повторно сум тука. Искрено, малку сум нервозен, но брзо ќе го надминам тоа, затоа што доаѓам во мојот фудбалски дом. Се надевам дека ќе му донесам среќа и позитивна енергија и на тимот и дека денеска ќе се радуваме на победа против Волвс“, изјави Алекс Фергусон.
Манчестер јунајтед од 16 часот на „Олд Трафорд“ го пречекува Вулверхемптон во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА