Сер Алекс: Клоп ме разбуди во 3.30 наутро да ми каже дека Ливерпул е шампион

Јирген Клоп сосема очекувано го доби признанието за „Менаџер на сезоната во Премиер-лигата“, изборот на стратегот на Ливерпул официјално го обелодени Сер Алекс Фергусон, при што легендарниот шкотски стручњак откри и неверојатна случка – дека добил телефонски повик од Клоп во раните утрински часови по освоениот трофеј.

Ривалството меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е добро познато, токму Фергусон ги искачи „црвените ѓаволи“ на врвот на листата најтрофејни англиски клубови, а Клоп успеа да го прекине постот на Ливерпул од 30 години без премиерлигашки трофеј.

„Јирген ја заслужува оваа награда бидејќи ја пренесе својата фантастична енергија. Воедно, му простувам што ме разбуди во 3.30 часот наутро за да ми каже дека Ливерпул е шампион“, со насмевка прокоментира легендарниот Ферги.

Се вчитува...