„Сер Боби“ на рацете на репрезентативците (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонските репрезентативци повторно го слават својот предводник, селекторот Благоја Милевски, истиот оној кој пред четири години за првпат Македонија ја однесе на едно големо натпреварување.

Во 2017 година со надежите, сега со сениорскиот тим чекори кон историја на патот кон прво учество на Светско првенство.

„Сер Боби“ по денешната победа над Исланд и обезбеденото место во баражот се најде на рацете на своите избраници кои по мечот уште еднаш ја издвоија неговата улога во креацијата на оваа генерација која во 2021 година повторно чекори на патот на историјата.

Се вчитува...