Сер Дејвид Бекам!

Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“ од британскиот крал Чарлс Трети. Славниот фудбалер на Манчестер Јунајтед ова признание го доби на доделувањето на наградите на роденденто на британскиот крал, привилегија која ја имаат само мал број луѓе. Покрај Бекам, оваа титула претходно ја освоија и легендите на Јунајтед како Боби Чарлтон и Алекс Фергусон.

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед настапуваше и за ПСЖ, Реал Мадрид, Милан и ЛА Галакси, а за репрезентацијата на Англија забележа 115 настапи. Бекам не го криеше задоволството од ова признание…

„Растејќи во источен Лондон со родители и баби и дедовци кои беа толку горди што се Британци, никогаш не замислував дека ќе добијам толку огромно признание“, рече Бекам.

Бекам е 14. на листата на фудбалски работници кои ја добиле титулата „Сер“ во Британија. На тој список има и четворица селектори на Англија, а последен кој ја доби оваа титула е Герет Саутгејт.

Се вчитува...