СЕР Солскјер: Постави рекорд што го сонуваше и Алекс Фергусон

Норвешкиот стратег Оле Гунар Сослкјер постави нов неверојатен рекорд во историјата на Манчестер Јунајтед. Тој е првиот менаџер на „црвените ѓаволи“ кој успеал да стигне до осум победи по ред на гостински терен во сите натпреварувања. Ова не му успеало ниту на легендарниот сер Алекс Фергусон.

Ваков успех не е постигнат од постоењето на клубот. На Солскјер му успеа по само два месеци поминати на клупата на Манчестер Јунајтед. Неговиот тим вечерва славеше на гости против Кристал Палас со 1-3, иако се соочуваше со криза на голем број повредени фудбалери.

Се вчитува...