Македонските репрезентативци продолжуваат со подготовките во пресрет на дуелот со Романија во Скопје, закажан за четврток во салата „Борис Трајковски“.
Враќањето на Кире Лазаров е одлична вест за нашиот национален тим, но капитенот веќе извесно време не игра по 60 минути во напад, што ќе значи нова шанса за Мартин Серафимов.
„Очекувам добар натпревар од наша страна. Романија не е селекција што треба да се потцени, наша цел е да излеземе на терен и да дадеме се од себе и верувам дека со тоа ќе стигнеме до позитивен резултат. Стручниот штаб ја следеше формата на противникот и верувам дека добро ги имаме анализирано, наше е да ги одработиме најдобро овие подготовки и максимално ангажирани да влеземе во натпреварот“, истакнува Серафимов.
По првиот натпревар во Скопје, македонската репрезентација в петок со чартер лет ќе патува за Букурешт, каде в сабота ќе го игра реваншот од овој двомеч – бараж. Победникот од овој двомеч во следната фаза од квалификациите за СП 2023 ќе се сретне со Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА