Серафимов го доби македонскиот дуел против Бабунски и Дебрецин во Унгарија

Новопечениот македонски репрезентативец Никола Серафимов ја доби со својот Залаегерсег македонската пресметка против Давид Бабунски и Дебрецин во унгарскиот шампионат.

Залаегерсег стигна до првата победа во шампионатот славејќи во 4. коло против Дебрецин со 1-2, со гол во последните минути од средбата.

Серафимов го одигра стандардно целиот натпревар во одбраната на Залаегерсег во чии редови 70 минути одигра уште еден поранешен фудбалер на Академија Пандев, Даниел Миловановиќ.

На спротивната страна Давид Бабунски го одигра првото полувреме во дресот на Дебрецин.

Се вчитува...