Серафимов игра во извонредна форма: Нов гол во дресот на Залаегерцег (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов игра во извонредна форма сезонава во дресот на Залаегерцег во унгарскиот шампионат.

На дуелот против Ѓирмот, Серафимов го постигна и својот четврти гол сезонава продолжување и со беспрекорната реализација покрај дефанзивните задачи во тимот за кои е приоритетно задолжен.

Серафимов денеска против Ѓирмот погоди одлично по висок скок со глава, по центаршутот од слободен удар од десната страна. Македонскиот фудбалер стрелаше во 35. минута за водство од 2-0 во тие моменти за Залаегерцег. На полувремето тимот на Серафимов има предност од 2-1.

Се вчитува...