Серафимов: Игравме против најдобрите репрезентации во Европа, жалам за поразите од Украина

Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Евро 2024 ги заврши со голем бод осовен во битката против големата Англија во Скопје. Нашите репрезентативци први поведоа, но на крајот мораа да се задоволат со бод.

Дефанзивецот на „црвено-жолтите“, Никола Серафимов по мечот вели дека е задоволен од играта, но жали за тоа што го пропуштија против Украина во овие квалификации.

„Италијанците и Англичаните се едни од најдобрите играчи во светот. Денеска бевме подобри во одбраната од претходниот дуел во Рим. Штета што повторно примивме гол од прекин, ни се случува по којзнае кој пат и тоа мора да го поправиме ако сакаме подобри резултати во иднина. Ова е позитивен резултат за нас против Англија и се надевам дека овој меч ќе ни биде водилка за понатаму. Имавме доста тешка група, игравме против светски велесили како Италија и Англија, тука е и Украина која беше до крајот во игра за ЕП 2024. Жалиме за оној меч со Украина во Скопје кој го загубивме по предност од 2-0“, изјави Серафимов.

Се вчитува...