Серафимов не „мрда“ од Залаегерцег – го продолжи договорот до 2025 година

Никола Серафимов нема да „мрда“ од Залаегерцег, откако денеска го продолжи договорот со унгарскиот тим до 2025 година, соопшти клубот од Унгарија.

„Имаме убави вести. Серафимов го продолжи договорот уште една година. Дефанзивецот останува „бело-син“ до 2025 година“, соопштија од Залаегерцег.

Серафимов беше дел од Вардар, мина една сезона во Пелистер, една во Брегалница, па од Вардар замина во Јихлава. Се врати во Академија Пандев, од каде во 2021 година во јули потпиша за Залаегерцег.

Се вчитува...