Серафимов од Вардар потпиша за чешка Јихлава

Македонскиот младински репрезентативец Никола Серафимов својата кариера ќе ја продолжи во чешкиот второлигаш Јихлава Височина.

Еден од најталентираните вардарови фудбалери се одлучи низ зимскиот преоден рок да ги напушти редовите на „црвено-црните“, одлучувајќи кариерата да ја продолжи во Чешка. Заинтересирани за младинскиот репрезентативец беа и српски Вождовац и хрватски Осијек, но се одлучи да ја прифати понудата на Јихлава.

Чешкиот клуб веќе информираше дека разговорите за ангажман на 20-годишниот Серафимов финишираат, па наредниве денови се очекува и негова официјална промоција во новиот клуб. Јихлава во моментов е второпласиран тим во Втората лига на Чешка, во трка за враќање во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...