Серафимов повторно стрелец за Залаегерсег, во одлична форма пред репрезентативниот собир (ВИДЕО)

Новопечениот македонски фудбалски репрезентативец, Никола Серафимов во одлична форма доаѓа на репрезентативниот собир за септемвриските квалификации за пласман на СП 2022.

Дефанзивецот беше стрелец за Залаегерсег во поразот од Хонвед од 1-3. Македонскиот интернационалец погоди во 74. минута за ублажување на поразот на својот тим. Ова е втор погодок за Серафимов на стартот од шампионатот во Унгарија.

 

Серафимов е еден од новајлиите на списокот на Благоја Милевски за септемврискиот квалификациски циклус и натпреварите против Ерманија, Исланд и Романија.

Се вчитува...