Младинскиот репрезентативец на Македонија, Никола Серафимов го запиша својот прв погодок сезонава во дресот на унгарскиот прволигаш Залаегерсег.
Поранешниот фудбалер на Вардар и Академија Пандев погоди на дуелот против Мезоковец кој го добија домаќините со 3-2.
Серафимов постигна убав гол во 69. минута кога успеа да израмни за Залаегерсег на 2-2.
Сепак, до крајот домашните во 84. минута дојдоа до конечната победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА