Македонскиот репрезентативец Никола Серафимов е дел од идеалниот тим на полусезоната во Унгарија.
Централниот дефанзивец на Залаегерцег одигра 16 натпревари есенва за петтопласираниот тим во унгарскиот шампионат, демонстрирајќи извонредни изданија на терен заокружени и со дури четири погодоци.
Токму одличните изданија за Залаегерцег веќе го носат Серафимов и во фокусот на најдобрите унгарски тимови. Не е тајна дека интерес за неговите услуги покажуваат МОЛ Фехервар и Ференцварош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА