Сердарушиќ: Многу грешевме… Нарсис: Тоа е спорт, вечерва ние плачеме

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

ПСЖ влезе со улога на благ фаворит во дуелот против Вардар, но мина идентично како и Барселона, па мултилионскиот состав на „светците“ остана без европска круна.

„Пред се честитки за Вардар. Ова беше неизвесен натпревар, голема борба, очигледно беше дека двата тима многу ја посакуваат победата. Пресудно беше второто полувреме во кое направивме премногу грешки и со тоа му овозможивме на противникот да стигне до тримфот“ – изјави тренерот Нока Сердарушиќ.

Даниел Нарсис го постигна голот за израмнување на седум секунди до крајот, но и тоа не беше доволно за да се совлада Вардар.

Вардар одигра два извонредни меча, забележа две победи со голови во последната секунда. Секако дека сме разочарани, кога ќе загубиш финале секогаш е тешко да кажеш нешто паметно, ние работевме многу напорно цела година, но за жал ова денеска не беше доволно за да стигнеме до победата. Ова е спорт, во секое финале има победник и поразен, денеска ние сме тие што ќе плачеме“ – истакна искусниот бек на ПСЖ.

 

Се вчитува...