Сердарушиќ: Вардар или Барса во финалето, сеедно ми е…

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Стратегот на ПСЖ, Нока Сердарушиќ, не го криеше задоволството по историското прво финале за „светците“ од Париз во Лигата на шампионите. Веспрем беше совладан по тешка борба, што не беше никакво изненадување за Сердарушиќ, кој во изминатите денови повторуваше дека унгарскиот тим игра одличен ракомет и сигурно ќе претставува незгоден ривал во полуфиналето.

Ова беше навистина тешка средба, како тренер сум пресреќен што успеавме да славиме. Како што реков претходно, знаевме дека ќе биде компликувано, дури и при „плус три“ знаев дека Веспрем ќе се врати и оваа средба ќе биде неизвесна до самиот крај. Финишот беше напнат, но успеавме да го одбраниме последниот напад и да се пласираме во ова големо финале“ – изјави Нока Сердарушиќ.

Искусниот стратег нема посебни желби кога станува збор за противникот во големото финале.

Ова е фајналфор на Лигата на шампионите, собир на најдобрите тимови во Европа. Вардар или Барселона, немам желба, навистина ми е сеедно, мое е да ја подготвам екипата за да е обидеме да славиме во финалето“ – порача Сердарушиќ.

Лука Карабатиќ ја истакна фокусираноста во клучните моменти како најзначаен фактор за оваа голема победа на ПСЖ.

Ова е прво финале на ПСЖ во ЛШ, исто така и мое прво финале, така што навистина сум среќен. Сепак, се наоѓаме на половина пат, мораме да останеме фокусирани бидејќи наша цел пред доаѓањето во Келн беше да се закитиме со титулата“ – изјави пивотот на „светците“ на прес-конференцијата по натпреварот.

Се вчитува...