Серед на Тодороски ќе биде исфрлен од словачката лига поради немање стадион?

Тимо на Серед оваа сезона во словачкиот шампионат направи историски успех. Се наоѓаат на петтото место и ќе играат со Жилина бараж за пласман во Лигата на Конференции.

Но, тимот во кој во моментов настапува македонскиот репрезентативец Тодор Тодороски, има големи инфраструктурни проблеми. И да обезбедат настап во Европа, многу веројатно ќе останат без него откако управата на клубот не се жалела на одлуката да не добие лиценца за настап во Првата лига, и за натпреварите во Европа.

Серед домашните натпревари ги игра на други стадиони во Нитра, Мијава, Трнава, Пасиенка, Злате Моравче… Меѓутоа откако не обезбедија свој терен, сега словачката федерација им се заканува дека ќе ги исфрли.

„Со оглед дека Серед долго време не може да осигура инфраструктурни услови за настап во Фортуна лига, управата одлучи да не се жали околу одлуката за лиценцирање“, се вели во соопштението на клубот.

Тодороски и онака ќе го напушти тимот со кој има договор до крајот на сезоната и летово ќе бара нова средина.

Инаку во овој тим во минатото настапуваа уште и Филип Дурански, Дејан Илиев, Стефан Богдановски и Дејан Пешевски. Тренер беше и Славче Војнески.

Се вчитува...