Серена: Често се покажува дека Новак на крајот е во право

Серенa Вилијамс ја коментираше одлуката на Новак Ѓоковиќ да формира нова организација на професионални тенисери. Новата унија се вика Асоцијација на професионални тениски играчи (ПТПА) и ќе биде одвоено, т.е независно тело од АТП. Американката не сакаше да коментира додека не дознае повеќе за намерите на Новак, но истакна дека на крајот излегува дека тој најчесто е во право.

„Мора да дознаам повеќе за тоа, бидејќи не можам да имам мислење додека не разберам за што станува збор. Јасно е дека сум секогаш на негова страна. Новак има цврсти мислења за некои ставови, и на крајот најчесто се покажува дека е во право“, изјави Серена. 

Серена Вилијамс ја помина првата пречка на УС опен каде ја брка 24. грен – слем титула, откако во воведното коло славеше над сонародничката Ан.

Се вчитува...