Серена е во полуфинале, Риск немаше сили за ново чудо

Серена Вилијамс е втората полуфиналистка на Вимблдон, откако Американката по голема битка славеше над сонародничката Алисон Риск со 2-1 во сетови. Риск вчера приреди чудо елиминирајќи ја првата носителка Барти, но денеска немаше сили за нова сензација, капитулирајќи пред најтрофејната светска тенисерка за која ова ќе биде дванаесетто полуфинале на Вимблдон.

Првиот сет донесе неочекувано големи проблеми и за двете тенисерки при сервисот, направени беа дури пет брејка, а подобро сепак се снајде Серена, која славеше со 6-4. Риск возврати добивајќи го вториот сет со идентичен резултат, а како клучен се покажа брејкот на Вилијамс во осмиот гејм од решавачкиот сет, кога Американката поведе со 5-3 и потоа го доби сетот со 6-3.

Следна противничка на Серена Вилијамс ќе биде подобрата од четвртфиналната пресметка меѓу Конта и Стрицова.

Се вчитува...