Серена елиминирана на стартот од Синсинати: Уште сум на почеток….

Најдоминантната тенисерка на денешницата Серена Вилијамс загуби уште на стартот од турнирот од Премиер 5 серијата во Синсинати. Подобра од Американката беше Петра Квитова од Чешка победувајќи со 6-3,2-6,6-3.

Ова беше прв настап на Серена од финалето на Вимблдон, откако го пропушти „Роџерс куп“. Следно ќе и биде настапот на УС Опен.

„Уште сум на почеток. Мора да продолжам да работам напорно и да се надевам дека ќе почнам да победува“ – рече Вилијамс.

Во првата рунда во Синсинати елиминирана е уште една поранешна прва светска тенисерка Викторија Азаренка. Белорусинката загуби од Каролин Гарсија од Франција со 4-6,5-7.

Во еден од мечевите на вечерта Елина Свитолина по голема борба славеше против Светлана Кузнјецова со 7-6,4-6,6-4.

Одличен пресврт направи и Хрватката Петра Мартиќ која по 0-1 во сетови и 2-4 во вториот сет успеа да ја победи Русинката Дарија Касаткина со 4-6,6-4,6-3.

Се вчитува...