Серена елиминирана од Ролан Гарос

Серена Вилијамс беше запрена во походот по нов гранслем трофеј откако американската тенисерка го загуби денешниот меч во четвртото коло од Ролан Гарос од Елена Рибакина.

Серена загуби само еден сет во претходните три меча и важеше за фаворитка во овој дуел, но Рибакина (моментно 22. на ВТА-листата) го искористи тоа како дополнителен мотив и со извонредно издание го зеде скалпот на трофејната Американка. Таа направи брејк во раната фаза од мечот, поведе со 3-1 и го доби првиот сет со 6-3. Следеше брејк и на самиот старт од вториот сет, Серена за момент се врати и израмни на 4-4, но следеше нова одлична серија поени на Рибакина, која триумфираше со конечни 7-5.

Таа во четвртфиналето ќе се сретне со Павличенкова, која во денешната осминафинална пресметка ја совлада Викторија Азаренка со 2-1 во сетови.

Се вчитува...