Серена: Федерер е како балерина

Вимблдон влегува во самата завршница, а место во полуфиналињата од „неофицијалното светско првенство“ обезбедија и оние кои се најтрофејни во историјата на овој турнир, Серена Вилијамс и Роџер Федерер. За Американката денешниот дуел со Стрицова ќе биде 12. полуфинале на Вимблдон, додека за Федерер утрешната пресметка со Надал ќе биде 13. полуфинален дуел на тревата во Лондон.

И двајцата веќе ја имаат наполнето по 35 години, а Серена не крие дека Федерер и служи како инспирација за да продолжи со кариерата.

Секогаш се воодушевувам кога го гледам. Искрено, најмногу ме шокира колку е продуктивен, на секој натпревар има најмалку по еден магичен потег. Се чудам на брзината на неговите удари, но и на грациозноста. Федерер е како балерина, тотално грациозен, но исто така и полн со сила. Кога е на теренот делува како воопшто да не вложува напор, што е неверојатно за секој што се занимава со нашиот спорт“ – истакна Серена Вилијамс.

Се вчитува...