Серена ја растури Венус во „семејното дерби“ на УС Опен

Серена Вилијамс ја декласираше својата сестра Венус во „семејното дерби“ во рамките од третото коло од УС Опен, триумфирајќи со убедливи 6-1, 6-2. Серена одигра импресивен меч и имаше 34 винер-удари, наспроти 14 на својата повозрасна сестра, доминираше во текот на целиот дуел и заслужено се пласираше во следната рунда, каде ќе се сретне со Канепи, која во првото коло ја елиминираше Симона Халеп.

„Никогаш не ми е убаво чувството кога ја победувам Венус. Кога таа губи, дел од мене се чувствува како и јас да сум загубила“ – истакна Серена.

Каролина Плишкова славеше со 2-0 против Кенин, а со идентичен резултат пласманот во следната рунда го обезбеди и Барти, триумфирајќи над Мучова од Чешка.

Милош Раониќ го доби дуелот со Стен Вавринка со 3-0 во сетови, со идентичен резултат Чориќ беше подобар од Медведев, а и Дел Потро славеше над Вердаско.

Се вчитува...