Серена: Ќе бидам и подобра од порано

Првата тениска ѕвезда на денешницата, Серена Вилијамс смета дека може да биде подобра од периодот пред да оди на породилна пауза. 36-годишната Американка со триумфот над 17. носителка, Ашли Барти во втората рунда обезбеди место меѓу 32-те најдобри на Ролан Гарос, гранслемот кој последен го освои пред повлекувањето.

„Не сум на нивото на кое што бев пред заминувањето, но ќе стигнам таму, веројатно ќе бидам и подобра“ – најавува Вилијамс.

Серена Вилијамс во третото коло ќе игра против 11. рангираната Јулија Гергес.

По стартното коло, Серена изјави дека тешко ќе дојде до 24. гранслем трофеј објаснувајќи дека не си поставува притисок да го израмни рекордот на Маргарет Корт од 24 титули од најпрестижните турнири, особено не толку рано по враќањето на терените.

 

 

 

Се вчитува...