„Серена може да го освои и Ролан Гарос“

Тренерот на Серена Вилијамс, Патрик Муратоглу е убеден дека Американката има големи шанси да го изедначи рекордот на Маргарет Корт. Тој смета дека неговата избраничка има големи шанси да го освои Ролан Гарос и тоа за неа да биде 24 гранд-слем трофеј.

„Направи голем напредок пред Австралија опен и беше во многу добра форма. Сакаме да продолжиме во тој правец и можеби ќе настапиме и на повеќе од очекуваното турнири на земја. Чувствувам дека ако навистина е подготвена може да биде многу опасна на земја и да го освои Ролан Гарос“, вели Муратоглу. 

Серена нема играно уште од Австралија опен поради проблеми кои ги има со рамото.

Се вчитува...