„Серена нема да оди во пензија се додека не освои барем уште една гранд-слам титула“

Серена Вилијамс нема да ја заврши кариерата се додека не се изедначи со рекордот на Маргарет Корт од 24 грен слам титули, тврди нејзиниот тренер Патрик Муратоглу. Американката има 23 гранд слам титули во својата колекција. Последниот го освои на Австралија опен во 2017 година, по што беше поразена во четири финалиња на најголемите турнири (двапати на Вимблдон и УС Опен).

Оваа сезона натпреварувањето во Мелбурн заврши во полуфиналето со пораз од Наоми Осака. Таа ја напушти прес-конференцијата по мечот во солзи, а пред тоа емотивно се прости од публиката на стадионот, па многумина веќе започнаа да шпекулираат за нејзиното повлекување.

„Не мислам дека таа ќе оди во пензија, барем додека не освои уште една значајна титула. Таа се врати да ја земе гранд слам титулата. Морам да верувам дека ќе сака да продолжи, исто како што треба да и таа верува дека може да дојде до таков врвен резултат. Да не беше така, таа сигурно ќе запреше порано. После сè што направи во нејзината кариера, раѓањето на дете, беше тешко да се врати во тенисот“, рече долгогодишниот тренер на американската тенисерка Патрик Муратоглу.

Серена полни 40 години оваа година. Својата професионална кариера ја започна во 1995 година.

Се вчитува...