Серена пак се повреди, го откажа настапот во Рим

Проблемите со повредите продолжуваат да ја мачат Серена Вилијамс, па Американката беше принудена да го предаде денешниот меч од второто коло во Рим против Венус Вилијамс, жалејќи се на болка во левото колено. Таа вчера славеше со 2-0 над Ребека Питерсон, но утрово се пожалила на повреда од коленото, решавајќи да го прекине својот настап во италијанската метропола.

„Морам да се откажам од турнирот во Рим поради проблеми со левото колено. Ќе ми недостигаат навивачите на еден од моите омилени турнири, но морам да се грижам за своето здравје и да се обидам целосно да се рехабилитирам за Ролан Гарос“ – порача Серена Вилијамс.

Стартот на Ролан Гарос е закажан за помалку од две седмици, па јасно е дека Американката ја очекува трка со времето за да може максимално подготвена да влезе во овој гранслем-предизвик.

Се вчитува...