Серена: Повторно допинг – контрола, ова е дискриминација

Серена Вилијамс повторно е во војна со американската Aнти-допинг агенција. Повеќекратната гранслем шампионка се огласи на социјалните мрежи објавувајќи дека и бил направен нов тест за недозволени супстанци.

Серена обвини дека се работи за клaсична дискриминација со оглед дека веќе има и официјална потврда оти таа е најтестираната во тенисот. Таа објави дека е тестирана шести пат годинава.

„Подготвена сум на се што треба. Ви го чувам спортот чист. Ако е за доброто на тенисот, повелете“ – вели иронично Серена.

Пред околу еден месец, Вилијамс имаше проблеми со контролата за допинг бидејќи, надлежните за допинг – контролата не ја нашле дома, а не се пријавила ниту каде се наоѓа. Тенисерите и тенисерките имаат обврска да бидат достапни еден час во денот за допинг-контрола, а ако не се во домот, мора да пријават точна локација каде се наоѓаат.

Се вчитува...