Серена се враќа на тенисот, еве каде и кога…

Серена Вилијамс и дефинитивно се враќа на тениските терени, четири години откако во 2022 му кажа збогум на „белиот спорт“ тениската великанка повторно ќе ја видиме во натпреварувачки ритам.

Таа веќе неколку месеци тренираше за камбек, за денеска да објави дека враќањеот ќе го има на турнирот Квинс во Лондон на тревната подлога, и тоа во конкуренција на двојки. Таа веќе доби вајлд-карта и го потврди учеството, а останува да се види дали овој турнир ќе биде најава за нејзин настап и на Вимблдон, големиот гранслем што се одржува веднаш по турнирот во Квинс.

„Квинс ми се чини како совршено место за почеток на ова следно поглавје. На оваа подлога ги имав едни од најзначајните моменти во кариерата и возбудена сум што се враќам на една од најзначајните сцени во светскиот тенис“, објави Серена Вилијамс.

Се вчитува...