Серена: Татко ми ме тера да се вратам на терените

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс призна дека нејзиниот татко Ричард ја принудува да се врати на теренот.

Освојувачката на 23 гранд-слем титули се повлече во септември минатата година по поразот во третото коло на УС Опен.

„Татко ми вели: Серена, треба да играш уште еден или два гранд-слемови. Му одговарам: „Тато, те молам застани.“ Не се гледам себеси на тие тениски турнири, но се гледам како тренирам. Понекогаш чувствувам олеснување кога го гледам теренот, бидејќи сум среќна што не морам да тренирам по два часа секој ден“, изјави 42-годишната Вилијамс.

Се вчитува...