Серена Вилијамс без ниедна титула стана спортистка на годината!

Американската тенисерка Серена Вилијамс по петти пат е прогласена за најдобра спортистка за 2018 година во престижниот избор на агенцијата АП.

Вилијамс оваа сезона играше во финалето на Вимблдон и на УС Опен после нејзиното неверојатно враќање на ВТА турнирите и тоа во годината во која имаше четири операции поради згрутчување на крвта предизвикано после породувањето во септември 2017 година.

Најтрофејната светска тенисерка, сега ја дели само една титула од Бејб Дидриксон Захарис која е најуспешна спортистка во овој традиционалниот избор. Захарис шест пати е прогласувана за најдобра спортистка во изборот на АП, пет пати за успешните сезони во голф, а еднаш во атлетика.

Во годинашниот избор, Серена Вилијамс доби 93 гласа во изборот на американските уредници и директори на медиумите, а зад неа остана гимнастичарката Симон Бејлс која годинава стана четирикратна светска шампионка. Третото место во изборот на АП и припадна на кошаркарката Арике Огунбовејл, а на четвртото и на петтото место завршија сноубордерката Клое Ким и пливачката Кети Ледецки.

Интересно во овој избор е што меѓу петте најдобри спортистки, сите освен победничката Серена Вилијамс, во 2018 година освоиле барем една титула.

Се вчитува...